Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер-безбедност

Градот под Исарот е избраната локација каде што ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции (SOC), насочен кон унапредување на сајбер-безбедноста и дигиталната отпорност.


На Универзитетот во Штип денеска беше означен почетокот на овој значаен проект, кој ги поврзува академската заедница, државните институции и меѓународните партнери.


„Ако сакаме долгорочна сајбер-безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“, потенцираше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој нагласи дека дигиталната трансформација не подразбира само воведување нови услуги, туку и создавање безбедна и отпорна дигитална држава.


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека во време кога дигитализацијата е присутна во секој сегмент од живеењето, стратешки приоритет на државата е да вложува во дигиталната отпорност.


Овој регионален центар е наменет за земјите од Западен Балкан и ќе функционира според највисоки меѓународни стандарди. Во него ќе се едуцираат и обучуваат професионалци кои ќе бидат задолжени за специфични безбедносни задачи во дигиталниот простор.

Последни теми