Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Ученик прободен со нож од соученик во основно училиште во Арачиново

Малолетник е повреден со остар предмет во основно училиште во Арачиново по конфликт со свој соученик, информираат од СВР Скопје.


Повредениот ученик бил пренесен на лекување во Градската општа болница (ГОБ) „Св. Наум Охридски“, каде што било утврдено дека инцидентот се случил во училишниот двор. Според првичните информации на МВР, повредата му ја нанел негов соученик за време на престојот во училиштето.


Засега не се откриваат точните околности под кои дошло до конфликтот, ниту степенот на повредите кај малолетникот. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите детали поврзани со инцидентот.

Последни теми