Полицијата во Македонски Брод приведе 68-годишен жител на селото Дебреште, откако се обидел да избегне контрола додека превезувал нелегално исечено огревно дрво.
Инцидентот се случил вчера околу 15:00 часот на локалитетот „Барбарас“, каде полициски патроли вршеле редовни контроли. При обид да биде запрен, возачот не ја почитувал наредбата и продолжил со движење, ја зголемил брзината и се упатил кон службеното возило на полицијата.
Со цел да се спречи посериозен инцидент, полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздухот, по што возачот бил запрен и лишен од слобода.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.