Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Четири пријави за семејно насилство во едно деноноќие, едно лице е приведено

Во последното деноноќие евидентирани се четири пријави за семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Во првиот инцидент, регистриран вчера во скопската општина Карпош, поднесени се меѓусебни пријави меѓу двајца партнери по физичка пресметка во која, според пријавеното, бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.


Во општина Аеродром, 61-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата партнерка и нејзиниот син во семејниот дом. Полицијата веќе презема мерки за расчистување на овој настан.


Третиот настан е забележан во центарот на Скопје, каде 20-годишна жена пријавила физички напад од нејзиниот 18-годишен партнер. Напаѓачот е веднаш приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Четвртата пријава доаѓа од Делчево, каде маж пријавил дека неговиот зет ја избркал неговата ќерка од заедничкиот дом и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе. За овој настан се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Последни теми