Еден градежен работник го загуби животот, а тројца се тешко повредени откако беа затрупани со земја при ископ на темели на градилиште на улицата „Козјак“ во општина Кисела Вода.
Според информациите од МВР, настанот бил пријавен утрово во 08:17 часот во СВР Скопје. Тројца работници се извлечени и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, додека едно лице било пронајдено без знаци на живот, по што лекар констатирал смрт.
Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош изјави дека, според првичните сознанија, повредените се на возраст од 35 до 45 години, додека загинатиот работник имал 34 години.
Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случила трагичната несреќа.