Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Тошковски во Атина: Заеднички одговор со Грција против криминалот и тероризмот

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во Атина учествуваше на министерскиот состанок на „Процесот Акаба“, посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот.


Тој истакна дека современите безбедносни закани сè повеќе се испреплетуваат, при што организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот функционираат како хибридна закана која бара заеднички и координиран одговор.


„Денес веќе не можеме да ги третираме криминалот и тероризмот како одвоени појави“, порача Тошковски, нагласувајќи ја потребата од засилена регионална и меѓународна соработка, размена на информации и координација меѓу службите.


Во рамките на посетата, тој оствари билатерална средба со грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Крисохоидис, на која беше потврдена подготвеноста за унапредување на соработката, особено во борбата против трговијата со дрога и нелегалната миграција.


Министрите разговараа и за олеснување на граничниот проток преку новиот систем на ЕУ за влез и излез (EES), како и за усогласување на договорите за соработка и реадмисија, со цел поефикасно справување со миграциските предизвици.

Последни теми