Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Железничка несреќа во Данска: Судир на два воза, најмалку 18 повредени

Сериозна железничка несреќа се случи во Данска, откако два патнички воза се судрија челно северно од главниот град Копенхаген. Во инцидентот се повредени најмалку 18 лица, од кои пет се во критична состојба.


Несреќата се случила рано наутро, околу 6:30 часот, на железничката линија меѓу градовите Хилерод и Кагеруп. Во моментот на судирот, во двата воза се наоѓале околу 40-тина патници.


Според службите за итни случаи, директниот удар предизвикал значителна штета на предните делови од возовите. Сите патници се евакуирани, а повредените се пренесени во болници со амбулантни возила и хеликоптери.


На местото на настанот се распоредени голем број спасувачки екипи. Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага од страна на надлежните органи. Ова е една од посериозните железнички несреќи во Данска во последните години, каде што ваквите инциденти се исклучително ретки.

Последни теми