Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека потврдите за платените парични казни преку системот „Безбеден град“, реализирани во банка или по електронски пат, повеќе не треба да се доставуваат во полициска станица.
Од МВР појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерството за финансии. Притоа, од исклучителна важност е граѓаните правилно да ја пополнат уплатницата согласно правната поука наведена во записникот. Ова подразбира прецизно внесување на единствениот број од записникот во полињата „повикување на број“ и „цел на дознака“.
Од Министерството апелираат до граѓаните да не ги доставуваат потврдите физички, со цел заштеда на време и избегнување непотребен метеж во полициските станици.