Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Приведени 17 возачи за безобѕирно возење – еден предизвика сообраќајна незгода

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лиши од слобода 17 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила.


Од вкупниот број приведени, деветмина управувале без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, еден управувал мотор без дозвола, двајца возеле со активна забрана за управување, а уште двајца биле затекнати без регистарски ознаки и без возачки документи.


Во Скопје, возач под дејство на алкохол предизвика сообраќајна незгода откако изгуби контрола над возилото и удри во метална канделабра.


По целосно документирање на случаите, против сите прекршители ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Последни теми