Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Малолетник од БиХ осомничен за кражби од туристи во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17-годишник од Босна и Херцеговина поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ извршена на дрзок начин.


Според информациите од полицијата, на 24 април на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, осомничениот заедно со уште неколку лица извршил повеќе кражби на паричници од туристи кои престојувале во градот.


На малолетникот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на останатите инволвирани лица.

Последни теми