Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Истрага против судски полицаец и доставувач за противзаконито влијание

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истражна постапка против две лица – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, поради сомнение за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.


Според истрагата, во периодот од август 2025 до април 2026 година, тие примиле вкупно 500 евра и 60.000 денари од сведок, со цел да посредуваат за донесување ослободителна пресуда. Сведокот, преку посредство на доставувачот, стапил во контакт со судскиот полицаец, кој се претставил како лице со влијание во судските кругови.


И покрај дадените средства, Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда, по што сведокот поднесе вонреден правен лек пред Врховниот суд. Дел од парите биле исплатени токму за наводно посредување и во оваа фаза од постапката.


Судот одреди 30-дневен притвор за судскиот полицаец, додека за доставувачот е изречена мерка куќен притвор. Обвинителството веќе поднесе жалба на одлуката за куќен притвор, барајќи поефикасна мерка за обезбедување.

Последни теми