Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Објавена јавна набавка за 100 нови амбулантни возила за здравството

Министерството за здравство објави јавна набавка за 100 нови амбулантни возила наменети за потребите на јавните здравствени установи низ државата, во вкупна вредност од 461.250.000 денари. Постапката е веќе во тек, а во моментов тече законскиот рок за поднесување на понудите од страна на економските оператори.


Министерот за здравство истакна дека новите возила значително ќе придонесат за унапредување на капацитетите на Службата за итна медицинска помош, особено во делот на ефикасното справување со итни состојби. Возилата ќе бидат опремени со најсовремена медицинска опрема за итна интервенција и безбеден транспорт на пациентите.


Од ресорното Министерство информираат дека возилата ќе бидат распределени низ целата територија на државата, со посебен фокус на подобрување на пристапноста во руралните средини.


Оваа набавка е дел од поширокиот процес за модернизација на здравствениот систем и зајакнување на капацитетите за брз и ефикасен одговор во критични ситуации.

Последни теми