Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Гаши: Отворени листи за граѓаните директно да ги избираат пратениците

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека поддржува воведување отворени листи во изборниот модел, оценувајќи дека граѓаните треба да имаат поголемо влијание врз изборот на пратениците. Тој посочи дека ваквото решение би ја зголемило демократичноста и одговорноста на избраните претставници.


На дебатата посветена на улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ, Гаши нагласи дека пратениците треба да црпат легитимитет директно од граѓаните, а не само од партиските позиции. Според него, потребна е и повисока политичка и медиумска култура во општеството за овие промени да ги дадат посакуваните резултати.


Тој истакна дека веќе постои работна група која работи на реформите во изборниот модел и повика на храброст за отворање на листите, додавајќи дека силно Собрание не може да постои без силни и одговорни пратеници.


На дебатата учествуваше и поранешниот пратеник Гордан Георгиев, кој оцени дека актуелниот изборен систем ги ограничува пратениците и ги става во зависност од партиските одлуки, наместо да им овозможи поголема независност во дејствувањето.

Последни теми