Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Пукање на вечерата на дописниците: Трамп и државниот врв на САД итно евакуирани

Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и членови на владата, беа итно евакуирани по пукањето за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.


Инцидентот се случил кога вооружен напаѓач се обидел да ја пробие безбедносната контрола во близина на салата каде што се одржувал настанот. Според информациите, напаѓачот бил вооружен со повеќе парчиња оружје, а бил совладан од припадници на Тајната служба. Еден службеник бил погоден, но поминал без повреди бидејќи бил заштитен со панцир и не е во животна опасност.


За време на хаосот, присутните – меѓу кои новинари и високи функционери – побарале засолниште, дел од нив криејќи се под масите, додека безбедносните служби ги извлекувале највисоките државни претставници. Настанот бил прекинат, а подоцна и официјално откажан.


Американските власти потврдија дека осомничениот е приведен и дека се води истрага за мотивите. Претседателот Трамп изјави дека сите високи функционери се безбедни, додека инцидентот отвори нови прашања за безбедноста на ваквите настани од висок ризик.


Светските лидери и политичари го осудија нападот, нагласувајќи дека ваквите акти на насилство се сериозна закана за демократските институции и јавниот живот.

Последни теми