Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Рјабков: Русија може да одговори со нуклеарно оружје на закани по нејзината територија

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека како одговор на заканите по нејзиниот територијален интегритет, Русија во најлош случај може да одговори на агресорот со употреба на нуклеарно оружје.


Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), Рјабков посочи дека ова би било најлошото можно сценарио при обид за загрозување на руската територија, пренесува новинската агенција ТАСС.


„Што се однесува до нас, хипотетичките екстремни ситуации во кои е можна употреба на ова оружје се исцрпно опишани во воената доктрина на Руската Федерација и во принципите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“, објасни тој. Рјабков појасни дека воената доктрина предвидува дека напад врз Русија и нејзиниот територијален интегритет, дури и од страна на агресори кои не поседуваат такво оружје, во краен случај би можел да доведе до одговор со употреба на нуклеарни средства.


Во однос на надворешната политика, заменик-министерот истакна дека целта на Русија пред следните претседателски избори во САД е да се стабилизираат односите меѓу двете земји.


Истовремено, тој изрази сериозна загриженост за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, со која од март 2022 година управува руската компанија „Росатом“.


„Нашата главна грижа во моментов е нуклеарната централа Запорожје. Сите сме фокусирани на ова прашање“, порача Рјабков.

Последни теми