Жена почина откако доцна синоќа избувнал пожар во куќа во скопската населба Пинтија.
„На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К. (45), а во која живеела и нејзината мајка М.В. (85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информира Министерството за внатрешни работи.
Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид на местото на настанот.