Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Пентагон објави доверливи досиеја за НЛО и необјасниви појави

Пентагон денеска започна со објавување претходно доверливи документи поврзани со неидентификувани аномални појави (UAP), познати и како НЛО, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност на администрацијата на Доналд Трамп.


Документите содржат видеоснимки, фотографии, сведоштва и извештаи од американски институции, а дел од материјалите биле под ознака на тајност со години. Во процесот учествуваат Белата куќа, НАСА, ФБИ и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање.


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека станува збор за „невидено ниво на транспарентност“ и дека јавноста конечно ќе има увид во материјали кои долго време биле недостапни.


Од американските власти посочуваат дека, и покрај големиот интерес, досега нема официјални докази со кои е потврдено постоење на вонземски живот или вонземска технологија.


Објавувањето следува по наредбата на Трамп од февруари годинава, со која американските агенции беа задолжени да започнат со идентификација и декласификација на документи поврзани со НЛО, UAP и можен вонземски живот.

Последни теми