Украинските власти обвинија дека Русија го прекршила примирјето предложено од Киев, откако биле извршени серија напади врз неколку украински градови.
Според украинското Министерство за надворешни работи, руските сили употребиле над 100 беспилотни летала и неколку ракети, при што биле погодени Харков, Запорожје и други клучни региони. Украина претходно најави еднострано примирје, но според официјалните претставници, нападите продолжиле и по неговото стапување во сила.
Во нападите има загинати и повредени цивили, а евидентирана е и сериозна штета на инфраструктурата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски оштро ги осуди нападите, оценувајќи дека тие го доведуваат во прашање секое искрено настојување за прекин на огнот.
Од руска страна, пак, пристигнаа тврдења дека и Украина не го почитувала прекинот на огнот, наведувајќи дека биле пресретнати украински дронови над руска територија. Оваа ескалација се случува во период на најавени паралелни примирја по повод одбележувањето на Денот на победата, додека конфликтот продолжи без изгледи за трајно решение.