Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Израелски војник осквернави статуа на Дева Марија во Јужен Либан

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии на кои се гледа како израелски војник се однесува несоодветно кон христијански симболи во јужниот дел на Либан. На објавените слики, за кои се известува дека се направени во селото Дебел, се гледа војник кој позира покрај статуа на Дева Марија, ставајќи цигара во нејзината уста. Овој случај предизвика реакции во јавноста поради непочитувањето на религиозните обележја во воената зона.



Ова е втор регистриран инцидент од ваков тип во истото село во кус временски период. Пред неколку недели беше објавена видеоснимка на која се гледа како израелски војник со голем чекан уништува статуа на Исус Христос.



Локалното население и верските заедници изразуваат загриженост за ваквите постапки на припадниците на израелските сили (ИДФ) на терен. Засега нема официјално соопштение од командата на ИДФ во врска со најновиот случај и за тоа дали ќе бидат преземени дисциплински мерки против инволвираните војници.


Регионот на Јужен Либан, каде што се наоѓа селото Дебел, е дом на значителна христијанска заедница, која во изминатите децении честопати беше погодена од воените конфликти во овој дел од Блискиот Исток.

Последни теми