Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Голема акција на Европското јавно обвинителство во Хрватска за корупција

На барање на Европското јавно обвинителство (ЕЈО) во Загреб, како дел од истрага за можна корупција и измама со субвенции поврзани со земјоделските фондови на Европската Унија, денеска се спроведуваат итни доказни дејствија во неколку хрватски жупании.


Дејствијата се однесуваат на повеќе хрватски државјани осомничени за злоупотреба на службена должност и овластувања, примање и давање мито, измама со субвенции и фалсификување документи, како дел од злосторничко здружување, на штета на финансиските интереси на ЕУ.


Акцијата е резултат на кривична истрага што ЕЈО ја спроведува во соработка со Полициската управа Сисак-Мославина, со поддршка на Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, како и со помош на полициските управи од Лика-Сењ, Карловац, Загреб и Вировитица-Подравина.


Повеќе детали засега не се објавуваат со цел да не се загрози тековната постапка.


Европското јавно обвинителство е независно тело на Европската Унија, надлежно за истражување, гонење и изведување пред суд на кривични дела што ги загрозуваат финансиските интереси на Унијата.

Последни теми