Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Радев ја претстави својата влада, најави стабилност и намалување на цените во Бугарија

Прорускиот евроскептик Румен Радев денеска го претстави составот на својата нова влада, откако го доби мандатот од претседателката Илијана Јотова, најавувајќи мерки за намалување на цените и враќање на политичката и економската стабилност во Бугарија.


Неговата партија „Прогресивна Бугарија“, формирана пред неколку месеци, освои 44,6 проценти од гласовите на изборите одржани на 19 април, обезбедувајќи парламентарно мнозинство. Со тоа, за првпат по речиси три децении, во Бугарија се формира еднопартиска влада.


Радев ја назначи Велислава Петрова-Чамова за министерка за надворешни работи, додека Галаб Донев ќе раководи со Министерството за финансии.


„Ќе го смениме трендот на вртоглаво зголемување на цените и ќе ја вратиме стабилноста со нов Врховен судски совет и неговиот инспекторат. Ќе ги искористиме (апсорбираме) плаќањата што ни следуваат според Планот за закрепнување и отпорност“, изјави Радев.


Тој се осврна и на средствата што Европската комисија ги задржува поради доцнењето на антикорупциските закони и судските реформи во земјата.


Се очекува новата влада утре да биде изгласана во бугарскиот парламент.

Последни теми