Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Метеж на Евзони: За влез во Грција се чека до еден час

Повеќе од 14 илјади патници од земјава и од странство излегле кон Грција преку граничниот премин Богородица во последните 24 часа. На преминот Евзони се бележат задржувања до еден час за влез во Грција поради зголемениот сообраќај за првомајскиот продолжен викенд.


Како главна причина за метежот се посочува примената на новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС), поради што дел од патниците од Македонија и од Србија бараат негово одложување или олеснување на процедурите.


Според информациите, најголем дел од патниците кои заминале кон Грција се државјани на Србија и на Косово. Во меѓувреме, грчките власти најавија одредени олеснувања за британските државјани, кои на границата ќе бидат ослободени од земање отпечатоци и фотографирање.


ЕЕС-системот, воведен во 29 европски земји, има за цел зајакнување на граничната контрола и спречување на злоупотребата на идентитетот, а неговата примена започна на 10 април годинава.

Последни теми