Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов фокусот на Владата е насочен кон реформите и економскиот развој, додавајќи дека не се очекуваат избори во текот на оваа година.
Тој посочи дека неговиот став е да се одржат редовни избори во пролетта 2028 година, но не ја исклучи можноста за порано излегување на гласање доколку се донесе таква одлука.
„Има некои од партиите коишто се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.