Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Комисиска расправа за измените на Законот за пратеници

Во Собранието утре треба да продолжи седницата на Законодавно-правната комисија за предложените измени на Законот за пратеници, кои го третираат прашањето за двојното државјанство.


Според досегашните информации, за законските измени се поднесени над 170 амандмани. Од СДСМ инсистираат на вклучување на експертската јавност и оценуваат дека постојат одредени отстапувања во процесот на донесување на законот.


Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на првичниот став во однос на предложените измени, додека во јавноста веќе се разменија низа меѓупартиски обвинувања.


Во дебатата се вклучи и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која изјави дека постои правна можност за ограничување на двојното државјанство, но потенцираше дека таквата мерка треба да ги опфати не само пратениците, туку и министрите и претседателот на државата.

Последни теми