Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Заедничка акција на МВР и ФБИ: Во Тетово „падна“ нелегален пазар за украдени податоци

Секторот за компјутерски криминал при МВР, во координација со американското ФБИ, сузби нелегална сајбер-мрежа. Во тетовското село Голема Речица се уапсени две лица осомничени за администрирање на онлајн пазар за трговија со украдени лични податоци.


Истрагата била иницирана по информации добиени од ФБИ. Според досегашните сознанија, платформата позната како „OLVX“ била активна од јули 2023 година и функционирала преку повеќе интернет-домени.


Податоците од истрагата покажуваат дека на платформата биле регистрирани над 2.600 кориснички сметки и повеќе од 1.500 продавачи, додека вкупната вредност на трансакциите надминува 500.000 американски долари.


По наредба на Основниот суд во Тетово, полицијата извршила претрес на локација во Голема Речица, при што се приведени двајца осомничени на возраст од 20 и 23 години. При акцијата се запленети компјутери, лаптопи и мобилни телефони, кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење.


Од МВР информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и идентификација на други инволвирани лица во оваа меѓународна криминална мрежа.

Последни теми