Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Врсничко насилство во Ѓорче Петров: Малолетнички нападнале своја врсничка

Малолетничка од скопската населба Ѓорче Петров била жртва на врсничко насилство од група девојчиња, при што, според пријавата, била навредувана, туркана и физички малтретирана. Дел од инцидентите биле снимени и споделени на социјалните мрежи.


Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се пријавени два одделни настани кои се случиле кон крајот на минатиот месец, во кои малолетното девојче било нападнато од неколку малолетнички од истото училиште.


„Пријавени се два настана во кои малолетно девојче на крајот од минатиот месец, во два наврата, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Во моментов се работи на целосно документирање на случајот преку повикување и разговор со инволвираните малолетнички во придружба на нивните родители, како и прибирање материјални докази и видеоснимки во насока на целосно расчистување на настаните“, информираат од МВР.


Случајот е веќе процесиран и се преземаат мерки за негово расчистување во координација со надлежното Обвинителство.


Од локалната самоуправа велат дека се постапува согласно протоколите за спречување насилство во училиштата, додека од Министерството за образование посочуваат дека постојат јасни упатства и механизми за справување со вакви ситуации, при што ја нагласуваат клучната улога на родителите.


Надлежните институции апелираат ваквите случаи да се пријавуваат навремено за нивно ефикасно процесирање и соодветна заштита на жртвите.

Последни теми