Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Ученик од Битола објавил список со закани кон соученици на ТикТок

Ученик во седмо одделение од основно училиште во Битола на социјалната мрежа ТикТок објавил список со имиња и презимиња на свои соученици, заканувајќи се дека ќе ги „ликвидира“. Во објавата бил наведен и конкретен датум.


Директорот на училиштето „Стив Наумов“, Николе Пискачев, изјави дека по случајот бил одржан родителски состанок и биле известени МВР, Центарот за социјални работи и надлежните образовни институции. Тој посочи дека инцидентот се случил надвор од училиштето и наставниот процес.


„Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и создавање безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени. Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи го предвид фактот дека станува збор за малолетници. Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продолжи да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот“, изјави Пискачев.


Од училиштето велат дека веднаш реагирале по претставка од група родители, а институциите ќе постапуваат понатаму за целосно расчистување на случајот. Според информациите, родителите на ученикот најавиле дека ќе го префрлат детето во друго училиште.

Последни теми