79-годишен маж од Скопје е приведен по пријава дека недолично се однесувал кон малолетна сосетка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот е пријавен вчера, а полициски службеници од СВР Скопје го лишиле лицето од слобода во вечерните часови.
Настанот, според пријавата, се случил околу 15:00 часот во неговиот семеен дом, каде што наводно допирал малолетничка по телото која живее во соседството.
Од полицијата велат дека веднаш биле преземени мерки и активности по пријавата, а лицето е уапсено околу 23:00 часот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.