Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

ССМ повикува на масовен протест за Први мај во Скопје

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците на масовно учество на првомајскиот протест, кој ќе се одржи на 1 мај, со почеток во 11:00 часот пред Работничкиот дом во Скопје.


Протестот ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“, а од ССМ истакнуваат дека работничката борба е континуиран процес за заштита и унапредување на правата на вработените.


Од Синдикатот посочуваат дека веќе осма година по ред организираат првомајски протест, нагласувајќи дека овој ден има суштинско и симболично значење за борбата за работничките права.


ССМ апелира за обединетост и одлучност, со порака дека работниците заслужуваат достоинствени плати и праведен третман во општеството.

Последни теми