Полициски службеници од СВР Велес одзеле автобус кој превезувал ученици од училишна екскурзија, откако возилото било пријавено за повеќекратни дефекти во текот на патувањето.
Пријавата била поднесена од родител на малолетно дете кое се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Врз основа на пријавата, полицијата го запрела возилото на наплатната станица „Отовица“.
Автобусот е пренесен на вонреден технички преглед за да се утврди неговата техничка исправност и безбедност за сообраќај. Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до Скопје со друго возило.
По целосно расчистување на случајот и завршување на техничкото вештачење, против одговорните ќе бидат поднесени соодветни пријави.