Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека нема да се приклучи на најавениот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Од СОНК појаснуваат дека тие не дејствуваат во рамките на ССМ и дека досега не донеле одлука за учество или за поддршка на овој протест.
Ваквата реакција следува по објавите на социјалните мрежи во кои СОНК беше наведен како една од организациите што го поддржуваат протестот, што од Синдикатот веднаш го демантираа.