Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Првомајски синдикален протест: Се бара минимална плата од 600 евра

Под мотото „Работниците се столбот на државата“, синдикатите денеска одржаа протестен марш во Скопје по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Главните барања упатени до надлежните се итно зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Маршот започна пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а продолжи преку Собранието и Стопанската комора, сè до зградата на Владата.


Од ССМ порачаа дека протестот е неопходен за заштита на животниот стандард, посочувајќи дека инфлацијата и ниските примања доведуваат голем број граѓани до раб на егзистенција.


За разлика од нив, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) одлучи да не се приклучи на маршот, со образложение дека социјалниот дијалог треба да се води низ институциите. Од ССМ, пак, одговорија дека протестот е легитимна и крајна алатка на работничката борба кога преговорите не даваат конкретни резултати.


Протестот беше поддржан од опозициската СДСМ, додека премиерот Христијан Мицкоски изјави дека правото на протест е загарантирано демократско право во државата.

Последни теми