По повод Меѓународниот ден на трудот, утре (1 мај), со почеток во 11:00 часот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе организира протестен марш низ центарот на Скопје, поради што ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Протестот ќе започне пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, а колоната ќе се движи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, булеварот „ВМРО“ и булеварот „Илинден“, сè до зградата на Владата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот ќе биде регулиран од страна на полициски службеници по целата траса на движење.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица и да користат алтернативни правци во централното градско подрачје за време на одржувањето на протестот.