Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Приведен скопјанец во Аеродром: Полицијата пронашла нож и марихуана

Полицијата приведе 49-годишен скопјанец по акција во населбата Аеродром, откако кај него биле пронајдени недозволени предмети и наркотични супстанции.


Според информациите од СВР Скопје, лицето А.Е. (49) било лишено од слобода околу 20 часот. При преглед кај него, а подоцна и при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и марихуана.


Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Последни теми