Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Предложен притвор за осомничениот за силување дете во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје, осомничено за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, како и за „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина“.


Како што соопшти Јавното обвинителство, 28-годишниот осомничен, вработен во основно училиште, навел 14-годишно девојче да му испрати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави доколку не се сретне со него.


— Детето жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде што извршил обљуба, дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку осум години. Месецов тој повторно се обидел да ја уцени за нова средба, но откако девојчето одбило, тој на социјална мрежа ги објавил експлицитните фотографии и видеа. Со тоа ги направил достапни за трети лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело, воведено во февруари годинава, за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години — информираат од Обвинителството.


Имајќи ги предвид високите запретени казни, јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.


— Исто така, постои опасност тој да влијае врз жртвата или да го повтори делото. Поради тие причини, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор — се додава во соопштението на ЈОРСМ.

Последни теми