Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице со иницијали Ј.Т. од Битола, откако бил затекнат при кражба на нафта од товарно возило.
Инцидентот се случил на плац лоциран на патот кон селото Дихово. Според информациите од полицијата, лицето било затекнато на самото место додека го извлекувало горивото од камионот.
По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните органи.