Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Одземени лиценците на четири фирми за управување со згради по контролите на РКД

Регулаторната комисија за домување (РКД) им ги одзеде лиценците на четири правни лица кои управуваат со станбени згради, по спроведената вонредна проверка за исполнување на законските услови.


Контролата била насочена кон усогласеноста со Законот за домување, при што се анализирало работењето на управителите во повеќе градови, меѓу кои Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип и Битола.


Според податоците на РКД, вкупно 62 правни субјекти ги исполниле законските обврски. Неправилности, недоставени податоци или неисполнување на условите биле утврдени кај четири управители — три од Скопје и еден од Струмица.


Претседателот на РКД, Никола Затуроски, изјави дека кај дел од управителите било утврдено дека подолг период не ја вршеле дејноста, додека кај други се констатирани пропусти поврзани со резервниот фонд и финансиското известување.


Во државата се евидентирани вкупно 8.053 станбени згради, од кои 5.600 се управувани од лиценцирани фирми, додека останатите функционираат преку заедници на сопственици.

Последни теми