Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

МВР одзеде воздушни пушки од пензионери во Делчево

Тројца пензионери од Делчево биле приведени на разговор во полиција откако биле затекнати како вежбаат гаѓање со воздушни пушки покрај реката Брегалница.


Според информациите од МВР, лицата со иницијали Н.А. (76), Ф.С. (80) и Б.П. (80), сите од Делчево, биле затекнати како пукаат кон дрвена мета со две воздушни пушки со калибар од 4,5 милиметри. Оружјето било во сопственост на локалното Здружение на пензионери, чии членови биле и самите лица.


Во разговор со полициските службеници, тие објасниле дека не станува збор за инцидент, туку за подготовка за претстоен пензионерски спортски натпревар кој треба да се одржи во Кочани.


И покрај образложението, полицијата привремено ги одзела воздушните пушки, метата и муницијата. По целосно документирање на случајот, од ОВР Делчево најавија дека ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Последни теми