Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Мицкоски: За раководството на СДСМ треба да се побара лекарско уверение

Премиерот Христијан Мицкоски, на седницата за пратенички прашања, упати остри критики кон СДСМ, обвинувајќи ги дека нивните настапи се насочени кон создавање политички ефект наместо кон конструктивна дебата.


На седницата, каде во фокусот беа повеќе теми, меѓу кои употребата на јазиците и Министерството за меѓуетнички односи, пратеникот Бојан Стојаноски побара став од премиерот во врска со изјавите на опозицијата и последното интервју на европратеникот Томас Вајц.


Одговарајќи на прашањето, Мицкоски изјави:


„Изјавите што доаѓаат од СДСМ, без разлика кој од раководството ги испраќа, се збунувачки и чудни. Тоа се изјави и прес-конференции што немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат сензација за да ’растурат пердуви‘. Во суштина, тоа се обиди ова раководство да опстане и по поразот на следните избори. Не им е цел да поттикнат дебата, туку да извршат внатрешна мобилизација преку ширење невистини дека ќе дојдат мигранти или дека државата ќе банкротира“, рече Мицкоски.


Тој се осврна и на најавите на опозицијата за напуштање на работните тела и на Собранието.


„Нека не ве чудат нивните прес-конференции; едни велат ќе ја напуштат работната група за Изборниот законик, други дека ќе го напуштат Собранието. Еве, го напуштија, има само двајца пратеници во салата. Советувам за политичарите кои се во органите на партиите да се побара лекарско уверение. Нивната комуникација има само една цел — по поразот на изборите да најдат алиби дека тие не биле фер. Можеби дури и нема да учествуваат, но ние треба да останеме фокусирани на граѓаните“, заклучи премиерот.

Последни теми