Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Мицкоски: Владата работи на унапредување на електроенергетскиот систем и нови интерконектори

Владата во континуитет работи на унапредување на електроенергетскиот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на активностите за изградба и развој на енергетската инфраструктура, вклучително и интерконекторите. Тој најави дека веќе следната недела се очекува да започне изградбата на северниот интерконектор.


„Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, при што мислам на системот на МЕПСО. Како што знаете, повторно се рестартира изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат реконструкцијата и реновирањето на внатрешните рингови, со цел зголемување на капацитетот. Истовремено, во енергетиката продолжуваме со инвестиции во гасните интерконектори со Грција и очекувам веќе следната недела, по прибавувањето на сите мислења, да започне изградбата на северниот интерконектор“, изјави Мицкоски по настанот по повод официјалното воспоставување на пазарот на електрична енергија.


Тој додаде дека е пуштен во употреба и нафтоводот со Грција, со што рафинеријата „ОКТА“ е директно поврзана со солунското пристаниште.


„Се работи на уште многу проекти за подобар систем. Еден од нив е и денешниот, кој претставува историски чекор напред“, истакна премиерот.

Последни теми