Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

„Комунална хигиена“: Во април исчистени 2.750 м³ диви депонии

Во текот на април, екипите на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ расчистија вкупно 2.750 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот.


Станува збор за мешан комунален, кабаст и градежен отпад отстранет од повеќе локации низ Скопје, при што најголемо количество е подигнато во Општина Карпош. Од претпријатието информираат дека овие активности се дел од редовните акции за отстранување на непрописно одложен отпад.


Во истиот период, екипите собрале и транспортирале 14.915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во градот, што е дел од редовното одржување на јавната хигиена.

Последни теми