Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Коалицијата „Вреди“ се обединува во една политичка партија

Коалицијата „Вреди“ соопшти дека петте политички субјекти што ја сочинуваат ќе се обединат во една партија, најавувајќи процес на консолидација во албанскиот политички блок во земјата.


Од коалицијата наведуваат дека целта на обединувањето е создавање поорганизирана и подисциплинирана структура која поефикасно ќе го претставува гласот на Албанците.


„’Вреди‘ се обединува во една политичка сила. Само организирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментација, уцени и заткулисни игри. Пет политички субјекти стануваат едно“, се наведува во соопштението.


Оттаму додаваат дека нивната заедничка платформа ќе се темели на владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство, европски интеграции и партнерство со НАТО, како и заштита на семејството и на културниот идентитет.

Последни теми