Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Ќерката на Чавков: „Борбата дури сега почнува“ по неговото излегување од затвор

Зорица Чавкова-Пинтарич, ќерка на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој вчера излезе од затворот во Штип каде што ја издржуваше казната за настаните од 27 април, изјави дека нивната борба продолжува. Таа посочи дека не може да го опише чувството кога го пречекала својот татко на слобода.


„Нема да дозволиме оваа неправда да биде заборавена. Сите што учествувале во политичкиот прогон еден ден ќе мора да се соочат со законот. Да не мислат дека мирно ќе спијат уште долго, знаеме се… Како изнудувале изјави, како инструирале лажни сведочења… Располагаме и со материјални докази за сѐ. Борбата дури сега почнува!“ – напиша Зорица Чавкова-Пинтарич.


Во објавата, таа додава дека нејзиниот татко бил неправедно осуден и дека семејството минувало низ тежок период додека тој бил во затвор.


„Татко ми беше неправедно осуден и години помина во затвор. Од дете растев со семејни посети на секои две недели, а подоцна, кога го положив правосудниот испит и добив лиценца за адвокат, кај него влегував не само како ќерка, туку и како адвокат… кој смееше да застане помеѓу татко и ќерка? Секој ден го посетував. Денеска го пречекав на слобода. Тоа е чувство што не може да се опише со зборови. На излезот им се заблагодарив на затворските службеници за човечноста што ја покажуваа низ годините… ги паметам гестовите на сочуство и поддршка од секој еден. Народот беше на наша страна безрезервно, безброј пораки во знак на поддршка добивавме низ годините наназад“, напиша Зорица Чавкова-Пинтарич.


Таа посочува дека е горда на својот татко, нагласувајќи дека од него учела и право и вредности.


„Јас сум многу горда на татко ми… тој е магистар по кривично право, со часови поминуваме заедно анализирајќи случаеви, разработувајќи правни институти. Од татко ми учев за правото, но најважно .. научив за достоинство и за тоа како човек да остане исправен и кога му е нанесена најголема неправда. Токму семејството беше силата, што нѐ одржа низ сите овие години. Денес е на условен отпуст ,согласно со судска одлука, поради причини поврзани со личноста и здравствената состојба. Беше осуден на казна затвор 16 години, заклучно до 12.05.2036 година. Пред нас се нови планови и заедничка мисија да бидеме поддршка и глас на луѓето во затворските установи и да продолжиме да се бориме за правда. Тоа го правиме веќе активно“, стои во објавата.


Во завршницата, Чавкова-Пинтарич испрати порака до, како што наведе, „креаторите на прогонот“.


„Сега ми е важно да искористам можност да порачам до креаторите на прогонот дека нема да се откажеме од борбата за вистината. Барањето за повторување на постапката беше експресно одбиено од Кривичниот суд, а потоа таа одлука беше потврдена и од Апелациониот суд. Но денес, семејствата на осудените за 27 април и самите обвинети се посплотени и посилни од кога било. Нема да дозволиме оваа неправда да биде заборавена. Сите што учествувале во политичкиот прогон еден ден ќе мора да се соочат со законот. Да не мислат дека мирно ќе спијат уште долго, знаеме се… како изнудувале изјави, како инструирале лажни сведочења… располагаме и со материјални докази за се. Борбата тек почнува“, напиша Зорица Чавкова-Пинтарич.

Последни теми