Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Казнет со 550 евра за истакнување на палестинско знаме

Претседателот на подмладокот на партијата Левица, Андреј Куцуловски, е казнет со глоба од 550 евра по приведување во полициска станица за истакнување на палестинско знаме, информираат од неговата матична партија.


Според партиското соопштение, инцидентот се случил за време на натпреварот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел. Глобата му била изречена за делото „поттикнување насилство и омраза“.


Од Левица ја критикуваат интервенцијата на полицијата, нарекувајќи ја „непропорционална“ и тврдат дека приведувањето било извршено без лицето да пружи отпор. Според нив, станува збор за селективно спроведување на законот.


Од надлежните институции до овој момент нема официјална потврда или детали за околностите под кои е изречена казната.

Последни теми