Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Јаневска: Институциите презедоа мерки за случајот во Ѓорче Петров, клучна е улогата на родителите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека надлежните институции веќе постапиле во врска со случајот на врсничко насилство во училиште во општината Ѓорче Петров.


Таа информира дека училиштето го пријавило инцидентот во полиција и во социјалните служби, а паралелно презело и интерни мерки за справување со ситуацијата согласно законските надлежности.


Јаневска нагласи дека Министерството континуирано работи на превенција преку изработка на упатства и прирачници, во тесна соработка со останатите релевантни институции.


„Сите институции можат да постапуваат правилно, но без вклученост на родителите нема целосен успех. Нивната улога е клучна“, истакна Јаневска.


Министерката додаде дека се работи и на иницијатива поврзана со семејното насилство, посочувајќи дека однесувањето на децата честопати е директно поврзано со состојбите во самото семејство.

Последни теми