43-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека била измамена преку СМС-порака, по што од нејзината банкарска сметка биле повлечени 16.592 денари.
Според пријавата, на 5 мај добила порака во која било наведено дека има неплатен сообраќаен прекршок и дека истиот може да го плати по намалена цена доколку веднаш го отвори приложениот линк.
Во пораката имало веб-страница со инструкции за плаќање, а било наведено и дека казната ќе биде намалена за половина доколку се реагира брзо.
Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, жената добила неколку известувања дека трансакцијата не е успешна, но подоцна забележала дека од сметката сепак ѝ биле повлечени пари во повеќе наврати.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителите.
Полицијата апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и никогаш да не внесуваат лични или банкарски податоци на непроверени страници.