Денеска се одбележува Денот на македонската полиција, посветен на полициските службеници кои секојдневно се справуваат со безбедносни предизвици, криминал, корупција, несреќи и кризни ситуации.
Годинешното одбележување е во знакот на борбата против родово базираното и семејното насилство, со порака за поголема свесност, пријавување и спречување на насилството.
Институциите и граѓаните упатија апел за заедничка поддршка во справувањето со овој проблем, а вечерва во паркот „Школка“ ќе се одржи музички хепенинг по повод празникот.