Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Братот на поранешниот македонски конзул во Италија ја убил сопругата

Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на Македонија во Италија, Стојан Витанов, е осомничен за убиството на својата 56-годишна сопруга Милена Витанова во стан во Пјаченца, Италија.


Според италијанските медиуми, трагедијата се случила во станот каде што семејството живеело со своите деца. Мажот наводно самиот се јавил на бројот за итни случаи и рекол:

„Дојдете, ја убив жена ми.“


На местото веднаш пристигнале карабињерите и итната помош. Поради сомнеж дека осомничениот е вооружен и забарикадиран, полицијата внимателно влегла во станот преку прозорец, каде што го пронашла телото на жената со траги на насилство и нож во близина.


Осомничениот не бил пронајден во станот, по што била започната потрага. Неколку часа подоцна, карабињерите го лоцирале во близина на градските гробишта во Пјаченца, каде што, според првичните информации, се обидел да си го одземе животот.


Италијанските медиуми пренесуваат дека тој претходно ги однел децата кај роднини. Според истрагата, мотивот најверојатно е поврзан со подолготрајни семејни конфликти.


Случајот го истражува Јавното обвинителство во Пјаченца, а по целосното документирање се очекуваат повеќе детали за околностите на убиството.

Последни теми