Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Пресуда за ИПАРД: Соработничка во земјоделство призна вина за поткуп

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата во предметот против Јасмина Костадинова, обвинета за злоупотреба на средства од ИПАРД-фондовите.


На претходното рочиште, обвинетата, која е вработена како соработничка во Министерството за земјоделство, призна вина за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание во износ од 2.000 евра.


Според обвинението, Костадинова е една од деветте лица кои се товарат дека учествувале во шема преку која на фирма, која првично не била меѓу рангираните, ѝ било овозможено противзаконски да добие финансиски средства од европските фондови.

Последни теми