Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Хоџа и Јумакли во Истанбул: Зајакнување на соработката со Турција

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, во рамките на Меѓународниот форум за води што се одржува во Истанбул.


Според соопштението од Министерството, разговорот бил насочен кон можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на управувањето со водите и справувањето со климатските ризици.


Двајцата министри ја истакнаа потребата од континуиран дијалог и посилна институционална соработка, со цел реализација на заеднички проекти и активности кои се од взаемен интерес за двете земји.

Последни теми